1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Стартува едношалтерскиот систем во Македонија

Македонија става на страна една од купот бариери што досега ги бркаа странските инвеститори. По неколку одложувања и години натегања, почнува со работа едношалтерскиот систем, услов што Брисел го постави како еден од клучните услови за евроинтеграциите на земјата.

Нема да има веќе долго чекање пред шалтерите

Нема да има веќе долго чекање пред шалтерите

Стартува еден од клучните проекти што Македонија со години го одложуваше. Се воведува едношалтерски систем за регистрација на фирми. Задача што Европа ја посочи како клучна заедно со борбата против корупцијата и спроведувањето на фер и демократски избори. Од 4 јануари, за да се почне бизнис во Македонија нема да се губи време по судовите; фирмите ќе се регистраат во централниот регистар. Досега за регистрирација на фирма во Македонија беа потребни 48 дена и 13 административни процедури во повеќе институции.

„ Сите тие постапки ќе бидат сублимирани во една операција и ќе значат заштеда на време пари нерви и побрзо стартување на бизнисот во Македонија. До сега постпката траше два месеци, а сега со законот ние сме приморани за пет дена да го издадеме решението“ изјави директорот на Централаниот регистар Наќе Стојановски.

Едношалтерскиот систем треба да ја отстрани најмачната и најдосадна од купот бариери кои досега ги одбиваа странските инвестотори и ги нервираа домашните бизнисмени. Долгата процедура и маратонските чекања по шалтери треба да станат историја, бизнис климата да се подобри.

Експертите велат дека едношалтерскиот систем е клучен но не и единствен услов за подобра бизнис клима. Владата не смее да заборави дека за да ја направи Македонија поатрактивна за странските инвеститори мора да ги реформира судовите, да ја размрда бавната и пасивна администрација, да ги среди проблемите со неевидентираниот имот во државата.

Првата региоонална канцеларија се отвора во Скопје, во јануари ќе профукционираат уште две канцаларии, во Битола и во Штип, а најавени се уште осум центри низ Македонија. Носителите на проектот едношалтерски систем велат дека се подготвени успешно да ја имплементираат оваа мерка што треба да ја доближи Македонија до Европа. Проектот вреден 3 милиони евра, се очекува да ја подобри сликата за Македонија како бизнис дестинација. Колку за потсетување во последниот извештај на Светска банка според условите за водење бизнис Македонија беше рангирана на 81 место зад сите останати земји од регионот.