1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Стартуваше новогодишната турнеја на четирите скокалници

Во зимскиот центар Оберсдорф, започна традиционалната новогодишна турнеја на четирите ски скокалници. Германците без фаворит, барем на хартија. Асот Свен Ханавалд ќе биде во публика, Мартин Шмит не е во форма

Мартин Шмит

Мартин Шмит

Новогодишната турнеја на четирите скокалници овој пат тешко дека ќе им донесе радост на германците. Победникот од 2002 година Свен Ханавалд заради здравствени проблеми сезонава реши да се одмори. 26 годишниот Мартин Шмит, до вчера во самиот врв, веќе втора година преживува резултатска криза. На почетокот на сезоната, ниту еднаш не му појде од рака да обебзеди пласман во финале, меѓу 30 најдобри, што е најдобар показател за неговата слаба форма.

Единствената германска надеж е Георг Спат, 23 годишното момче од Оберсдорф кој забележа неколку добри резултати на почетокот на сезоната, а и минатата беше во најстабилна форма од германските скокачи. Пред стартот на турнејата тој изјави:

“ Најважно е да се стабилизира формата и да се изведат доволно добри и стабилни летови. Треба да се корегираат мали грешки во стилот, бидејќи најчесто за конечниот пласман решавачка е сосема мала грешка“ вели Спат

Најдобриот пласман оваа сезона имаше Александер Хеер, кој во Јапонија во рамките на натпреварите за светскиот освои второ место. Нешто поискусниот Михаел Урман или 20 годишниот Максимилијан Мехлер може да изненадат но тешко и да победат.

Како главен фаворит на турнејата, се смета финецот Јане Ахонен кој годинава славеше на 7 од вкупно 8 натпреварувања за светскиот куп:

“ Едноставно кажано, се наоѓаме во добра форма. Се ми оди од рака и со леснотија скокам, што за нас скокачите е многу важно, да не сме преоптоварени со размислувањата, изјави Ахонен

Покрај финецот, во фаворитите се вбројува и пољакот Адам Малиш, како и австријците Мартин Холварт и младиот Томас Моргенстер, кој е еден од најомилените австриски спортисти. Германскиот тренер Петер Ровајн пред почетокот на натпреварите изјави:

“ Ние секако сме размазени, кога станува збор за турнеја, одлични резултати, минатите години. Сега очигледно тоа не е случај. Ахонен е убедливо најдобар, како што до вчера беа нашите Ханавалд и Шмит.

51- та по ред новогодишна турнеја, се одржува во Оберсдорф, Гармиш Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен.