1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Стари касарни за нов развој

Повеќе стотици хектари атрактивни простори во рамки на 9 касарни во Македонија им се отстапуваат на некои од општините во РМ. Владата очекува изградба на студентски кампуси, индустриско–технолошки зони и други објекти.

default

Звуците на чекорниците, војничките маршеви и на постројувањата веќе не се, или нема да бидат, вообичаената секојдневна атмосфера во девет касарни на македонската армија во осум градови. Министерството за одбрана, во јуни годинава, го претстави новиот проект „Старите касарни за нов развој“.

Околу 240 хектари од битолската касарна за станбени, студентски и деловно – трговски комплекси

Портпаролот на ова министерство, Сашко Димов, во врска со проектот вели: „Основната цел на овој проект е да се искористи исклучително атрактивниот простор, којшто го опфаќаат касарните во Македонија, а кои државата веќе не ги користи поради трансформацијата на

Mazedonische Armee

Проектот „Старите касарни за нов развој“ има амбициозни цели

армијата. Тоа се касарните во Дебар, Охрид, Битола, во Дојран, Гевгелија, Струмица, како и касарната `Илинден` во Скопје и касарната `Гоце Делчев` во општина Аеродром, со отстапување делови од овие две касарни.“

Димов дополнува: „Решивме касарните да ги ставиме во функција на локалниот економски развој на општините и да овозможиме на тие неискористени површини со стотици хектари да има пренамена на просторот за таму да може да се градат нови згради, училишта, домови за стари лица, трговски, деловни и културни центри. Според најавите што ги имаме сега, исто така, ќе има и објекти за образованието, здравството ...“

Изградбата во сите отстапени касарни на АРМ треба да почне до крајот на 2010 година

Министрите за одбрана, Зоран Коњановски и за транспорт и врски, Миле Јанакиевски уште пред два месеца најавија дека потенцијалните домашни и странски инвеститори ќе имаат еднаков третман и оти при реализирањето на своите бизнис – активности во просторите во касарните ќе добијат поволни даночни пакети. Во меѓувреме, на односните општини веќе им течат роковите за донесување соодветни урбанистички планови за локациите, од кои армијата се откажа. Првичните проценки, ако не се покажат како преоптимистични, се дека за една година би требало да стартуваат првите стопански активности во тие зони.

На просторот на касарната во Охрид – современ универзитетски кампус со факултет за информатичка технологија

Интересен е случајот со општина Куманово. Министерството за одбрана уште во 2005/ 2006 година имаше потпишано договор да им ја отстапи на тамошните локални власти воената касарна за цивилен развој. Но, договорот од различни причини не се спроведе.

Гласноговорникот на Министерството за одбрана, Димов за ова истакнува: „Во врска со случајот со Куманово, министерот Коњановски минатиот месец оствари средба со градоначалникот Зоран Дамјановски. Предвидено е во наредниот период, најверојатно, да има и потпишување меморандум за предавање и на оваа касарна.“

На прашањето што е најважното во нивните планирања во ваков контекст, градоначалникот на Куманово одговара: „Таа голема површина ќе им се издава на мали и средни претпријатија, со што ќе се создадат услови за инвестиција во технологијата.“

Поконкретно, се работи за атрактивен простор од 25 хектари со 30 – тина илјади квадратни метри во покриени објекти. Локалните власти во Куманово имаат намера оваа локација, како што укажува градоначалникот Дамјановски, да ја претворат во економска зона со повеќе погони, со мали и средни претпријатија. Заради тоа, уште пред неколку години е отворена и канцеларија за претприемаштво во рамки на локалната самоуправа. На просторот од касарната ќе се наоѓаат и паралелки на албански јазик од средното економско училиште и дел од јавните претпријатија од овој град.

До крајот на 2009 година, Владата ќе објави меѓународен тендер за продажба на земјиштата од напуштените касарни

Во меѓувреме, и општина Тетово побара да и‘ биде отстапен на располагање големиот простор на кој сега се наоѓа касарната со

Mazedonische Armee

Касарните на армијата да во функција на локалниот економски развој на општините

војската. Секторот за образование на локалната самоуправа, уште од февруари минатата година, го имаше навестено барањето - армискиот простор да се отстапи за да може таму да се префрлат државниот универзитет и дел од средните училишта во Тетово. Но, општина Тетово пред неколку дена доби негативен одговор од Министерството за одбрана.

Командантот на гарнизонот на македонската армија во Тетово, мајорот Блаже Николовски, за Дојче веле нагласува: „Ние остануваме во касарната во Тетово. Вршиме инфраструктурни вложувања во неа. Во овој момент, нема какви било размислувања за напуштање на касарната од сегашната локација. За да се изврши какво било напуштање на касарната во Тетово, потребно е да се обезбедат инфраструктурни услови за дислокација на гарнизонот. Тие, исто така, не постојат во моментов.“

Во кабинетот на градоначалникот на Тетово, Сади Беџети, одлуката на Министерството за одбрана ја нарекуваат „дискриминаторска“.

Како и да е, проектот „Старите касарни за нов развој“ има навистина амбициозни цели. Но, допрва треба да се види кој се‘ ќе влезе во тие комплекси и колку тие ќе послужат за јавното добро на граѓаните на Македонија.

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска