1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Станува тесно за востаниците во Либија

Додека Советот за безбедност се` уште расправа околу можноста за воведување зона на забранети летови над Либија, Гадафи тврди дека денеска (17.03.) ќе се води „одлучувачката борба“ за конечно задушување на востанието.

default

Во исчекување на зоната на забранети летови

Аџдабија е повторно под контрола на трупите на Гадафи. Или барем така тврдат тие, славејќи ја победата пред телевизиските камери. Новинарите смеат да снимаат само победнички сцени и приврзаници на Гадафи.

„Денес Аџдабија, утре Бенгази. Денот потоа повторно ќе ја контролираме цела Либија, од египетската, до туниската граница“, велат приврзаниците на либискиот диктатор.

Во Аџдабија со денови се водат жестоки и нерамноправни борби. Трупите на Гадафи постојано вршат воздушни напади врз градот, кој важи како порта кон останатите источни градови, под команда на востанците.

Flash-Format Libyen Soldaten Panzer Gadhafi

Меѓународната заедница засега малку презеде за сопирање на трупите на Гадафи

Трупите на Гадафи се` поблиску до Бенгази

Освен Аџдабија на истокот од земјата, и градот Мисрата на запад наскоро би можел да се најде во рацете на владините сили. Тогаш Бенгази би останал единственото упориште на опозицијата, која се` уште не се предава. Вчера жителите на градот повторно излегоа на демонстрации.

На плакатите стојат барања за конечно прекинување на крвопролевањето. Сепак, властодржецот Гадафи не сака ни да слушне за протестите. Тој дури не верува дека некој воопшто протестира против него. Тоа е обична пропаганда, вели тој во интервју за либиската државна телевизија. Бројот на жртви на страната на опозицијата го нарече претеран.

„Светот дури сега ја дознава вистината. Интервјуата како ова се нешто сосема друго, отколку видеата, што бунтовниците ги снимаат со мобилните телефони. Ние сме оние, кои ја кажуваме вистината.“

Во Триполи неговите приврзаници скандираат провладини пароли, а Гадафи победоносно им мавта со раката. Знае дека неговите трупи напредуваат насекаде во земјата, додека Советот за безбедност се` уште не може да се договори околу санкциите против него. Додека Велика Британија, Франција и Либан, во име на Арапската лига, бараат воведување зона на забранети летови над Либија, останатите членки, меѓу кои и Германија, стравуваат од вмешување во долгорочен конфликт во Северна Африка. Германскиот министер за надворешни работи, Гидо Вестервеле, истакна дека Германија нема желба да тргне по пат, кој би водел до испраќање на германски војници во војна во Либија.

Автор: Нина Хазе/Трајче Тосев/афп

Редактор:Симе Недевски