1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Станува ли Турција доселеничка земја?

Се’ повеќе доселеници од Ермeнија, Грузија, но и од земји на Европската унија, како Бугарија, доаѓаат да работат во Турција. Најчесто престојуваат нелегално, а турските власти ги заоструваат правилата за престој.

Алија Исмаилова долго не била кај своите деца и внуци во татковината -Бугарија. Таа работи и живее кај семејството Озтурк во истанбулската населба Улус. Им ги чува децата - Мелис која има осум години и тригодишниот Бурак. Освен тоа, Алија Исмаилова се грижи за валканата облека и готви.

„И во Бугарија би можела да работам како куќна помошничка. Во Софија би можела да заработам околу 1000 лева месечно, значи околу 500 евра. Овде во Истанбул сум далеку од дома, но заработувам повеќе. Најдов многу добро семејство и зошто би си одела? Не, повеќе сакам да останам во Турција“, вели Алија.

Турските плати поголеми од бугарските и романските

Со стопанскиот бум пораснаа и платите во Турција. Тие се значително повисоки отколку, на пример, во Бугарија или Романија, земјите-членки на Европската Унија.

Istiklal Caddesi

Турските плати се дури неколкукратно повисоки од примањата во земјите од регионот на Кавказот - Ерменија и Грузија. Затоа илјадници жени од соседните земји работат како дадилки и негувателки во Турција. Есин Озтурк познава бројни турски семејства кај кои работат куќни помошнички од овие земји.

„Главно тоа е стручна работна сила, жени кои завршиле школи во земјите од поранешниот Источен блок. Може да ви се случи да најдете квалификувана медицинска сестра или воспитувачка. Ним луѓето со задоволство им ги доверуваат своите деца. Една Турчинка со вакви квалификации тешко дека би работела во приватно домаќинство“, вели Есин Озтурк и додава дека Турчинките би побарале многу поголема плата.

Заострување на правилата за престој

Мал е бројот на странски работници кои имаат дозвола за работа во Турција. Официјално тие се туристи и имаат право да останат во Турција само три

Bosporusbrücke in Istanbul

Истанбул - ноќна панорамска фотографија

месеци. Досега тие одредби можеа лесно да се заобиколат. Беше потребно по истекот на тие три месеци само да се премине турската граница и потоа повторно да се врати во Турција на уште три месеци.

Но од 1. февруари наваму тоа веќе не се може. Кој во Турција престојувал 90 денови нема право повторно да се врати во наредните 90 денови.

Освен тоа, турската влада има намера да ја сузбие работата на црно. Во Турција во моментов има околу 100 илјади странци без дозвола за престој. Тоа за властите е премногу. Затоа ќе бидат заострени законските одредби за издавање на дозволата за престој и ќе се преземат мерки за справување со проституцијата и работата на црно во градежништвото, каде покрај во приватните домаќинства има најмногу нелегални странски работници.