1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Стандард и Пурс ќе го намали рејтингот на повеќе земји од еврозоната?

Според новинската агенција Ројтерс, која се повикува на информации од влада на една земја од еврозоната, на повеќе евро-земји ќе им биде намален рејтингот од страна на агенцијата „Стандард и Пурс“. Курсевите веќе паѓаат.

default

Намалувањето на рејтингот на неколку евро-земји треба да се очекува уште во текот на денот. Кои земји ќе бидат погодени засега е нејасно. Според Ројтерс, Германија нема да биде меѓу земјите со намален рејтинг. Агенцијата ДПА пренесува претпоставки дека може да биде погодена Франција, како и Шпанија, Италија, Белгија и Португалија. На финансиските пазари се вели дека намалувањето на рејтингот се очекувало, и сега отворено останува прашањето само кој во колкав обем од тоа ќе биде погоден и дали својот топ-бонитет ќе го загуби евентуално Фондот за спас ЕФСФ.

Највлијателната рејтинг агенција „Стандард и Пурс“ уште на почетокот на декември ги оцени како негативни изгледите на земјите од еврозоната и со тоа подготви терен за намалување на рејтингот во рок од три месеци.

Веќе и самите шпекулации за намалување на оценката за кредитоспособноста, предизвика пад на крусевите на европските берзи. Германскиот индекс Дакс загуби 0,65 проценти.

Автор: ЕМФ/ртр/дпа

Редактор: С. Недевски

DW.COM