Стандард и Пурс: Најдобра оценка за Германија | Економија | DW | 10.01.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Стандард и Пурс: Најдобра оценка за Германија

Германија за многумина вложувачи важи како сигурно место. Рејтинг-агенцијата Стандард и Пурс ја потврди најдобрата оценка за кредитоспособноста на Германија.

Рејтинг-агенцијата Стандард и Пурс повторно и‘ додели најдобра оценка на Германија, ААА, за нејзината кредитоспособност. Американската агенција во образложението ја истакнува високата конкурентност на германското стопанство и солидната буџетска политика. Германската еконимија освен тоа „ ја докажа својата сопсобност за преживување економски и финансиски шокови“, смета агенцијата, според која и прогнозитеза во иднина за Германија се стабилни.

Германија, покрај Финска и Луксембург, во моментов спаѓа во трите единствени држави во еврозоната чија кредитоспособност американската рејтинг-агенција ја вреднува со највисока оценка, која инаку беше и очекувана. Останатите рејтинг-агенции исто така ја оценија германската кредитоспособност на највисоко ниво. Германија кај вложувачите ужива углед на сигурно место. Стандар и Пурс очекува дека германското стопанство, по опаѓањето минатата година, во иднина ќе земе поголем замав. Експертите прогнозираат со пораст реалниот брутодомашен производ од над 1,5 проценти од 2014. до 2016. година. Вкупното задолужување на земјата, со оглед на воведената буџетска дисциплина се очекува да опаѓа и до 2016. година да се намали од сегашните 77 на 71 процент од брутодомашниот производ.