1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Стандард и Пурс“ го намали рејтингот на Франција

Американската рејтинг агенција „Стандард и Пурс“ го намали бoнитeтот на Франција за една оценка. Реформите на претседателот Франсоа Оланд не се доволни, гласи пресудата.

Рејтинг агенцијата „Стандард и Пурс“ го намали кредитиниот рејтинг на Франција. Бонитетот на земјата се оценува само со „АА“, односно еден степен пониско од досегашниот рејтинг „AA+“, соопшти агенцијата. Високата невработеноста ја заслабува волјата за значајни реформи, се вели во образложението. Мерките кои се иницирани од социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд не се доволни за среднорочно значително да се подобрат изгледите за пораст во земјата.

Министерот за финансии на Франција Пјер Московиси ја отфрли критиката. „За време на изминатите 18 месеци владата инцираше далекусежни реформи, кои ја подобруваат економската ситуација во Франција (...) и треба да ја повратат нејзината конкурентност“, соопшти тој во Париз.

Невработеност и покачување на данокот

Агенцијата „Стандард и пурс“ пред неколку месеци веќе ја предупреди втората по големина економија во еврозоната од натамошно намалување на оценката за нејзиниот бонитет, доколку Франција не ги реалзира реформските цели. Натамошно намалување на кредитниот рејтинг засега не се заканува, оти агенцијата изгледите ги оценува за стабилни.

Во вторникот ЕК за развојот во Франција, оцени дека во 2014 година очекува стопански пораст од 0,9 проценти. „Растечката невработеност и покачувањето на даноците негативно се одразуваат врз приходите“, стравува Комисијата, што пак од друга страна ја кочи потрошувачката. До 2015 година се очекува покачување на невработеноста на 11,3 проценти. Во септември годинава невработеноста во Франција изнесуваше 10,9 проценти.