1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Стандард и пурс“ го намали рејтингот на Кипар

Американската рејтинг агенција „Стандард енд Пурс“ соопшти дека кредитниот рејтинг на Кипар е полош од претходно и го оцени како „делумен банкрот“.

Новата оценка значи дека земјата не е во состојба да го отплаќа својот долг, но дека се‘ уште може да исполнува одредени обврски. Од друга страна, „Стандард енд Пурс“ објаснува дека целосен банкрот значи дека одредена држава не исполнила ниту една своја економска и финансиска обврска. Американската кредитна агенција истакнува дека кипарската економија е во фаза на забавување, стапката на невработеност се зголемува, а депозитите во банките значително се намалуваат.