1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Станав зависна од сопругот“

Пред една година во Франција стапи во сила забраната за носење бурка. Како оттогаш се смени животот на француските жени муслиманки? Како излегуваат на крај со предизвикот за интеграција?

Мабрука си игра со својата двегодишна ќерка во станот на нејзиното семејство, во предградие на северот на Париз. Двете тука минуваат многу време и ретко ги напуштаат сопствените четири ѕида. Мабрука е една од, според проценкит,е 2.000 жени во Франција, која носи целосна покривка, односно бурка или никаб. Меѓутоа, веќе една година во Франција е забранет превезот, кој покрива се’ и има само мал тесен отвор за очите.

Само одвреме навреме 30-годишната жена излегува на улица, за да ги направи неопходните набавки во продавниците во нејзината непосредна околина. И тогаш ја носи бурката и секогаш ризикува казна од 150 евра или да и’ биде наметнато да полага курс за стекнување државјанство. Таа вели дека полицијата ги затвора очите кога со неа е ќерка и’. Но, во банкарската филијала и’ соопштија дека не сакаат таа да влегува со превез. Поради тоа Мабрука морала да му даде полномошно на сопругот да ја користи нејзината сметка.

Забраната за носење бурка беше донесена од десно-конзервативната влада на претседателот Никола Саркози на 11 април 2011 година, со надеж дека ќе поттикне безбедност и рамноправност и дека ќе го штити достоинството на жените. Но, за оние кои опстојуваат на тоа да носат целосна покривка, ситуацијата е токму спротивна. Мабрука, која не сака да и’ биде споменато нејзиното презиме, вели дека со забраната загубила многу слободи и повеќе од кога и да е досега зависи од сопругот.

„Пред да се омажам работев пет години. И тогаш носев бурка и сосема нормално го користев јавниот превоз, патував и излегував со пријатели. Сега морам да се задоволам со мојот стан и немам ништо повеќе“, вели Мабрука.

Големи дискусии, малкумина погодени

И покрај тоа што забраната предизвика многу дискусии и реакции, само малку жени вистински се погодени од неа. Според податоци на француското министерство за правда, во првите шест месеци по стапувањето во сила на забраната биле регистрирани само околу 100 случаи жени во никаб да бидат фатени од полицијата, а само околу десет случаи завршија пред суд.

Burka Verbot in Frankreich

Многу муслиманки се загрижени поради забраната за носење религиозни симболи во училиштата

На пример, Хинд Ахмас и Најате Наит Алит. Тие морале да платат казна од 120 и 80 евра, поради тоа што полицијата ги запре во близина на собранието на Мо, источно од Париз. Биле на пат кон Жан Франсоа Копе, градоначалникот на Мо, кому сакале да му однесат роденденска торта. Копе се смета за архитект на забраната за носење бурка. Ахмас и Алит сметаат дека забраната е спротивна на законот за лична и религозна слобода и сакаат нивниот случај, доколку е потребно, да го изнесат и пред Европскиот суд.

Мнозинството француски муслиманки не носат целосна покривка - на многумина од нив еден друг закон им претставува поголема главоболка, отколку законот за забрана на носење бурка. Имено, од 2004-та година забранети се религиозните симболи во училиштата - правила кои ги погодуваат и учениците и наставниците, кои сакаат да го носат многу повеќе распространетиот превез - хиџаб.

Нема политичка поддршка за укинување на забраната

Burka Verbot in Frankreich

Нура Јабалах претседателка на Европскиот форум на муслиманските жени

Во Франција живеат најмногу муслимани во Западна Европа - околу девет поценти. Повеќето од нив доаѓаат од северна Африка, од некогашните француски колонии Алжир, Мароко и Тунис. Доселениците честопати имаат потешкотии со францускиот лаицизам - стриктната поделба на црквата и јавниот живот, принцип кој има силна поддршка во политичките кругови во земјата.

Нура Јабалах, претседателка на Европскиот форум на муслиманските жени се бори против предрасудите кон муслиманските жени во француското општество. Бурка не носи, но носи шамија и многу критички гледа на забраната. Таа не придонесе за еманципација на муслманската жена. Напротив, забраната придонесе „овие жени уште повеќе да се потиснат на маргините“. Сепак, Јабалах апелира до муслиманите во Европа да ја практикуваат верата, прилагодена на западниот контекст.