1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ставрески се одбрани, на ред е ребалансот

Министерот за финансии, Зоран Ставрески ја преживеа интерпелацијата за неговото работење поднесена од опозицијата. Дуелот меѓу власта и опозицијата продолжува веќе денеска за предлогот за ребаланс на буџетот.

Синоќа пред полноќ, македонското собрание му изгласа доверба на министерот за финансии Зоран Ставревски, откако опозицијата поднесе негова интерпелација. За време на дискусијата пратениците од опозицијата ги повторија забелешките за работата на Ставрески и за економската политика на владата. Министерот за финансии се бранеше дека во време на економска криза во Европа, Македонија бележи позитивни стапки на економски раст, како и дека невработеноста во земјата не е зголемена. Власта и опозицијата од денеска, па во следните три дена ја продолжуваат расправата за економијата во земјата, но овојпат на дневен ред е ребалансот на буџетот.

Економска политика без резултати?

Корекцијата на државната каса која е најбрза во историјата ќе го осиромаши буџетот за 120 милиони евра, а главно ќе настрадаат капитални проекти и тоа во вредност од околу 90 милиони евра.

Експертите предупредуваат дека ребалансот е резултат на погрешната економска политика на владата која во изминатите шест години не дала ниту минимум од очекуваните резултати, а не на последиците од европската криза:

Zoran Stavreski Vize Ministerpräsident Mazedonien

Министерот за финансии Зоран Ставрески

„Резултатите се катастрофални во движењата, како во трговската размена, бројот на невработените, а да не зборуваме за крајно неекономски, нелогично, нерационалното трошење на ограничените средства наменети за капитални инвестиции. А за да биде иронијата уште поголема тие не кратат на трошењата за споменици, восочни фигури и слично, туку на други ставки кои се неопходни за ублажување на негативните последици од немањето пари кај буџетските корисници“ изјави за Дојче Веле, Џевдет Хајредини поранешен министер за финансии.

Тридневна дебата

Македонија според него е во длабока криза и пред да настапи кризата во Европа. Премиерот Никола Груевски, а не министерот за финансии, смета Хајредини, е тој што треба да се појави пред пратениците и да зборува за економската политика. Ревидираната проекција за раст од првичните 4,5, на 2,5% според него е нереална. Прогнозира дека многу бргу ќе има втор ребаланс на буџетот:

„Апсолутно не може да издржи затоа што веќе имаме прогнози од Европската банка дека ниту тие минимални стапки на раст нема да се остварат, туку ќе бидат дури 1,3%, а премиерот сега обезбедува алиби со изјавата дека би било позитивно се само да не биде под нула. Тој треба веднаш да си оди дома но сега за сега со оваа политичка констелација тоа не можеме да го очекуваме.“, коментира Хајредини.

Ребалансираниот буџет е скроен врз основа на проекциите за дваипол отсто економски раст и исто толкава прогноза за буџетски дефицит. Владата прогнозира инфлација од 2,8%. Собраниската расправа за ребалансот ќе трае три дена.