1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Ставрески: Кризата во Грција нема да му наштети на денарот

Македонскиот министер за финансии, Зоран Ставрески, порача дека стабилноста на македонската валута зависи од самата Македонија, односно нејзините финансиски инстутиции.

default

Зоран Ставрески

Состојбата во Грција станува се‘ посериозна. За брзо време државата нема да може да ги отплаќа своите долгови во целост, оцени министерот за финансии Зоран Ставрески вчера (07.10) во Охрид. Според неговите очекувања, ќе дојде до контролиран банкрот, ситуација во која на еден договорен начин, европските земји и Грција ќе се договорат за процент од долгот што го има Грција по основ на државните обврзници што нема да може да го врати.

„Претпоставувам дека тој процент ќе биде околу 50%, односно отприлика половина од долгот ќе треба да и‘ биде простен од страна на француските, германските банки, кои што се најизложени кон Грција“, вели Ставрески.

Griechenland Euro in der Krise

Кризата во Грција нема да влијае врз денарот, уверува Ставрески

Македонскиот министер оценува дека таквиот начин е помало зло, односно доколку Грција еднострано прогласи дека не може да ги сервисира обврските, тоа би предизвикало поголем хаос и паника во европските земји на пазарот на капитал.

Ставрески уверува дека кризата во Грција нема да влијае врз стабилноста на денарот во Македонија.

„Стабилноста на денарот зависи од самите нас, од работата на централната банка и на Министерството за финансии, односно од начинот на водење на монетарната и фискалната политика во Република Македонија“, смета Ставрески кој потврдува дека токму тој успех на Владата е потенциран во сите извештаи кои Македонија ги добива од меѓународните финансиски институции каде Македонија била оценета како „земја со најздрави економски политики во регионот“.

Автор: МЈ/СН

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска