1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ставрески: Кратко „не“ за зголемување на даноците

Македонскиот министер за економија и вицепремиер Зоран Ставрески денеска (19.10) потврди дека владата нема никаква намера, ниту план во иднина да ги зголемува даноците.

default

Македонскиот вицепремиер Зоран Ставрески

Прашањето до министерот за финансии Зоран Ставрески, кој одговараше на новинарски прашања по денешната прес-конференција посветена на кредитната линија од 50 милиони евра од Европската инвестициска банка, намената за средните и малите претпријатија, беше - дали доколку задолжувањето надвор стане скапо, владата размислува да ги зголеми даноците и да воведе прогресивно оданочување?

Министерот одговори кусо - „не”, и појасни:

„Во нашата програма нема предвидено зголемување на даноци, ниту воведување на прогресивно оданочување. Сметаме дека тоа е лоша политика, посебно во вакви околности, кога во економијата во Европа и светот се случуваат кризни ситуации, зголемувањето на данокот не е добро и тоа би одвело многу претрпијатија во пропаст. Остануваме на тоа дека наспроти предизвиците кои ги имаме како земја, Македонија ќе остане со најниски даноци во Европа“ , рече Ставрески,

Според него, истото се однесува и на придонесите. Министерот најави дека владата размислува како да ја подобри наплатата на придонесите.

Автор:СН/ЕМФ/миа/макфакс

Редактор: Е. М. Фиданоска

DW.COM