1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Ставрески: Буџетот за 2012 со елементи на флексибилност

Во македонското Собрание денеска започна расправата по предлог-буџетот за наредната година, кој е проектиран на 169 милијарди денари, а буџетскиот дефицит треба да изнесува 2,5 проценти од БДП.

default

Зоран Ставрески

Според вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, економијата во 2011 година зајакнала, но тоа зајакнување веројатно ќе биде прекинато со надворешните ризици со кои се соочува македонската економија. Очекувањата за оваа година е дека растот ќе биде приближно 3,5 проценти, благодарение на порастот на економијата во првите шест месеци од годината. Меѓутоа, за следната година буџетот мора да биде флексибилно скроен за да може да адаптира на состојбите и ризиците доколку е тоа потребно, истакна министерот.

Според него, Македонија е во извесен степен подготвена за сите можни

Abakus Symbolbild Haushalt Mathematik Rechnen Finanzen

Според пресметките, буџетскиот дефицит би требало да изнесува 2,5 проценти

сценарија. Доколку европската економија, односно фискалниот компакт, се покаже дека ќе помогне да се надминат актуелните ризици и да се постигне барем одредено ниво на стабилност, тогаш растот на економијата во Македонија ќе биде подобар. Доколку, пак, економската криза се продлабочи, што исто така е можна и реална варијанта, Владата е подготвена и за таква ситуација, рече министерот за финансии пред пратениците. Тој додаде дека пониската проекција на приходите, а соодветно и пониската проекција на расходите во однос на претпоставениот БДП, е доказ за одговорно водење на буџетската политика во ризични и непредвидени времиња.

Во буџетот за 2012 година постоечките даноци се задржани на непроменето ниво, нагласи Ставрески. Предвидени се инвестициски вложувања во патната и железничкатa инфраструктура, енергетски и комунални инфраструктурни проекти, како и инвестиции за подобрување на условите во образованието, социјалниот и здравствениот систем и во земјоделството, заштитата на животната средина и правосудството.

Опозицијата оцени дека буџетот за 2012 година е нереален и неразвоен. Тие се изјаснија дека ќе гласаат против, затоа што според нив, буџетот за 2012 година води кон поголема сиромаштија и поголема неликвидност на стопанството.
Маријанчо Николов од СДСМ обвини дека ниту една проекција не е точна и не е базирана на аналитички показатели. „Најдобро ќе беше буџетот да го прилагодевте на реалноста која за жал ни најмалку не е оптимистичка“, рече Николов, додавајќи дека задолжувањето на Македонија од година во година е се‘ поголемо.

Автор: СН/миа

Редактор: Е.М.Фиданоска