1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Стабилноста на северен Ирак во интерес на сите

Во Истанбул денеска се одржува голема меѓународна конференција за иднината на Ирак. На неа се среќаваат министрите за надворешни работи на 16 земји. Во фокусот на собирот меѓутоа се наметна прашањето на Северен Ирак .

default

Од средбата Рајс-Ердоган воочи конференцијата во Истанбул

САД но и земјите соседи на Ирак , стравуваат од десатбилизација на овој дел од земјата со оглед дека Турција се заканува со голема офанзива против бунтовниците од Курдската работничка партија ПКК , кои имаат свои засолништа таму.

САД предупредуваат но и ветуваат помош

Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс на вчерашните разговори во Анкара ги предупреди турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и нејзиниот турски колега по функција Али Бабачан , воочи конференцијата да не започнуваат офанзива во северен Ирак , но истовремено им вети подршка од САД во борбата против ПКК. Курдската работничка партија е наш заеднички непријател-истакна Рајс дополнувајќи:

“ Мораме да пронајдеме делотворни сретства и патишта , со цел Турција да не страда од терористички акции , кои го дестабилизираат и Ирак и на тој начин претставуваат и безбедносен проблем за САД и за Турција . Ние ќе соработуваме за да ја оствариме нашата цел ”

Безбедноста во северен Ирак во интерес и на Германија

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер кој истотака ќе учествува на денешната Конференција пристигна во Истанбул синоќа. Тој веднаш апелираше до Турција да се воздржи од воена инвазија во северниот дел на Ирак . И Штајнамер меѓутоа изрази разбирање за одлучноста на Турција да се брани од теророт. Решение за проблемот ПКК е и германски интерес – смета Штајнмаер:

“Ние сме силно погодени од нестабилноста во овој регион . Тоа се покажа и на улиците во Германија особено во Берлин во последниве денови каде што дојде до судири меѓу Турците и Курдите кои живеат таму. Дотолку повеќе значи ние имаме најголем можен интере , да се смири ситуацијата тука”- истакна Штајнмаер.