1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Стабилна влада за преговори, макар и со Самарас

Можен ли е напредок во спорот за името со влада во Атина на чело со Андонис Самарас? Експертите во РМ се воздржани, но посакуваат Атина да добие кредибилна влада со која ќе може да продолжат преговорите за името.

default

По изборниот епилог во Грција, за Македонија е клучно јужниот сосед да добие стабилна влада со која ќе може да се преговара и евентуално да се дојде до решение на дводеценискиот спор за името. Победата на Нова Демократија на Андонис Самарас го смири Брисел, но сега целото внимание е насочено кон потешката задача, преговорите за формирање влада која треба да одговори на клучните предизвици. Експертите во Македонија засега се воздржани. Посакуваат позитивен епилог, иако доминира скептицизмот:

„Мое лично стравување е дека и овие избори не го дадоа одговорот на тоа прашање. Има голема надеж не само во Македонија, туку и во регионот дека сепак грчкиот парламент ќе избере една стабилна влада. Нам тоа ни одговара. Важно е дали е владата стабилна, сигурна, кредибилна и дали се неа може да се преговара и слично. Инаку, ние во Македонија сме свесни дека Самарас имаше екстремни ставови во однос на решавање на спорот за името, дека СИРИЗА даде мали сигнали, надежи за водење поумерена политика, што се разбира на Македонија и‘ одговара за конечно да се заврши тој спор со името. Меѓутоа не можеме ништо да предвидиме. Можеме само да посакаме Грција да добие една достојна влада на доверба, и внатрешно и надворешно, и конечно да ги реши економските прашања, или барем да отвори простор за решение, бидејќи ни на регионот, ниту на Македонија, а и на Грција, не им одговара овој статус кво со решавање на должничката криза во земјата“, изјави за Дојче Веле универзитетскиот професор и поранешен дипломат Димитар Мирчев.

Според него, во овој период Македонија треба да ја задржи својата неутрална позиција во однос на внатрешните случувања во Грција:

Antonis Samaras beim letzten Wahlkundgebung am 15.06.2012

Андонис Самарас е познат по своите цврсти ставови кон Македонија

„Ние ниту предвидуваме нешто посебно, ниту имаме посебна стратегија во односите со Грција. Таа стратегија главно се врти околу добрососедските односи, околу економската соработка. Не е наше прашање внатрешниот политички поредок, овие позиции на политичките сили, меѓутоа секако сме заинтересирани за позитивен, поволен исход од кризата во која се наоѓа нашиот јужен сосед“, смета Мирчев.

Лидерот на Нова Демократија е познат по своите цврсти ставови кон Македонија и прашањето за името. Од позиција на министер за надворешни работи Самарас повеќепати во изминатите две децении јавно зборуваше дека Македонија е грчка и предвидуваше распад на Република Македонија.