1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Германија - мојата приказна

Српски мигранти: Поради економски причини во странство

Србија страда од одливот на висококвалификуван кадар. Особено војните во поранешна Југославија во 90-тите години од минатиот век доведоа до масовен емиграциски бран.

Само западноафриканската земја Гвинеа Бисао страда повеќе од Србија од феноменот наречен „brain drain“(одлив на мозоци, н.з.)- емиграција на најдобриот стручен кадар. До овој резултат дојде една студија на Светскиот економски форум, наречена Извештај за глобална конкурентност, во која се анализираат 133 земји. На тоа се осврнува и социологот Владимир Гречиќ од Универзитетот во Белград во својата книга „Српската научна дијаспора“.
„За жал Србија не води статистики базирани на цврсто истражување за бројот на висококвалификуваниот кадар кој ја напушил земјата“, зборува Гречиќ. „Заводот за статистика во Србија не е во состојба да направи евиденција за емиграцијата од Србија и се’ уште не постои научна институција која се занимава со ова прашање“, додава тој.

Нема статистики за емиграцијата

Serbische Pässe

Емигрирањето од Србија не е нов феномен


Според податоците од германската статистика од 2011. година, во 2010. година во Германија живееле речиси 200.000 Срби. Тие во просек се на 36,5 годишна возрст и со тоа тие се под просечната возраст во Србија (41,2 години). Во просек тие живеат во Германија веќе од пред 19,8 години. Во споредба со 2009. бројот на Срби во Германија е зголемен за 8,6 проценти.
Според овие статистики во Германија живеат речиси 100.000 луѓе од поранешната „Србија и Црна Гора“. Поделба на националности меѓу земјите наследнички - Србија и Црна Гора, се прави од август 2006. година. Исто така и бројките за Косово одделно се прикажуваат од мај 2008. година.

Србија – иселеничка земја

Србија од секогаш била земја на емиграција, вели социологот Гречиќ. Во 1990-тите најголем дел од српските мигранти како нова татковина ги одбраа САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд. По 2000-та година фокусот на миграцијата се префрли кон земјите од ЕУ.
По крајот на милениумот исто така се промени и структурата на работната сила, која што ја напушти Србија, вели професорот Гречиќ. „Наместо неквалификуван или нискоквалификуван кадар сега се работи за луѓе со стручна обука, многу често од техничката бранша“.

Главна причина за емиграцијата во 1990-те години беше настанатата политичка ситуација, војната и меѓународните санкции против во тоа време водената од Слободан Милошевиќ Србија. „Но, исто така во ова време економските причини беа централни!“, објаснува Гречиќ.

Емиграциски бран условен од војната

Slobodan Milosevic

Политичката ситуација во времето на Милошевиќ натера многумина да емигрираат

„Зад емиграцијата секогаш се кријат мешани причини“, потенцира исто така и Данило Ракиќ од српската невладина организација Група 484. „Сиромаштијата, нестабилноста, војната и меѓународните санкции доведоа до еден голем бран на миграција од 1990-те до денес. Беа одбрани земји за кои се сметаше дека се најдобри за наоѓање засолниште“.На пример, Германија.
„Многу луѓе од поранешна Југославија имаат роднини во Германија“, зборува Рачиќ. „Така што не е изненадувачки дека меѓу мигрантите во Германија, Шведска, Белгија и Швајцарија, кои се баратели на азил или гастарбајтери, најчесто можат да се најдат Срби“, додава Рачиќ.

Но, има исто така и Срби кои се враќаат од Германија. Раде Николиќ по завршувањето на економските студии во Белград со помош на фондацијата „Зоран Џинџиќ“ дојде во Германија. Тој сакаше стручно да се дообразува и во 2010. година заврши со стажирањето во Дојче банк.

„Младите луѓе тука не добиваат доволно шанси

Rade Nikolic

Раде Николиќ сепак не размислува на отселување

„За време на стажирањето јас не сакав да останам во Германија, туку да работам во Србија“, раскажува младиот академец. „Но,кога не би бил долгорочно задоволен со ситуацијата во Србија, би можел дефинитивно да живеам во странство. Но, најпрво сакам да се обидам да бидам успешен во сопствената земја“, вели Николиќ.

Ако тој еден ден би се одлучил да ја напушти земјата, главната мотивација би била од економска природа, објаснува Раде Николиќ. „Јас мислам дека најголем дел од младите луѓе во Србија се чуствуваат слично. Тие се селат во странство затоа што тука не добиваат доволно шанси“.

Поради финансиските причини еден млад вработен човек во Србија речиси и да не може да биде независен од своите родители, се жали Николиќ. Освен тоа, таму нема доволно можности за дополнителна обука.

Портрети на успешни Срби во Германија

Гледај видео 04:23

Жарко Јовашевиќ, музички педагог

Гледај видео 04:43

Јован Николиќ - од азилант до успешен писател

Гледај видео 04:45

Вукашин Савиќ, оперски пејач и актер

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема