1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Српските радикали бесни на Тадиќ

Поканата за преговори што косовскиот премиер Тачи му ја упати на српскиот претседател Тадиќ важеше како нешто што нема шанси. Но, на изненадување, Тадиќ излезе со поинаква изјава. Српските радикали се лутат.

default

Борис Тадиќ со изненадувачка изјава

Косовскиот премиер Хашим Тачи предложи средба со српскиот претседател Борис Тадиќ, за нешто да се придвижи во решението на конфликтот околу Косово. „Ние како водачи сме обврзани да си подадеме рака“, рече Тачи вчера (03.02) во Приштина, додавајќи дека проблемите меѓу двете земји мора да се решат „еднаш засекогаш“.

Таква средба за Србија досега важеше како незамислива. Но, на изненадување, српскиот претседател Борис Тадиќ вчера рече дека за средба

---

со Тачи не постојат „лични пречки“. Сепак, според Тадиќ, ваква средба би можела да се одржи само доколку притоа има супстанцијален напредок. „Ваков разговор не смее да се искористи за поттикнување на државноста на Косово и за цел мора да има решавање на проблемите, а не политички фолклор“.

Српската радикална партија денеска оцени дека најавата на српскиот претседател дека е подготвен за средба со косовскиот премиер е скандалозна. Партијата оценува дека Тадиќ на тој начин ја признава „еднострано прогласената држава Косово“. Во соопштението на радикалите се наведува и дека планот на Тадиќ од четири точки за решение на косовскиот конфликт е препишан „план на Ахтисари“, кој за цел има воспоставување институции на таканаречената држава Косово.

Автор: ЕМФ/дпа/бета

Редактор: Ж. Ацеска