1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Српските избори ќе ги спречиме и со сила“

Претседателот на Собранието на Косово Jaкуп Красниќи изјави дека ако биде потребно институциите на Косово со сила ќе го оневозможат одржувањето на српските избори на Косово на 6 мај.

default

Eлектронските медиуми во Приштина пренесуваат дека Красниќи во интервју за RTV 21 рекол дека Собранието на Косово ја усвоило резолуцијата за оневозможување на локалните и парламентарните избори на Србија на Косово, како и дека ова е обврска на извршната власт.

„Резолуцијата ја обврзува владата да спречи какво било незаконско однесување кое е во спротивност со Уставот и законите на Косово“, изјавил претседателот на косовскиот парламент.

Прашан дали тоа значи употреба на сила, Красниќи одговори: „Се разбира, тоа подразбира и употреба на сила“.