1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Српскиот премиер во посета на Македонија

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ престојува во дводневна посета на Македонија. Тој вчера (27.01) имаше обраќање на Светосавската академија во Скопје по повод одбележувањето на Денот на Свети Сава.

Во составот на високата српска делегација, која ја предводи премиерот Ивица Дачиќ е и министерот за правда и државна управа Никола Селаковиќ.

Премиерот на Србија денеска во Скопје има средба со неговиот македонски колега Никола Груевски, по што е планирана средба и со претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски. Според агендата, предвидено е и положување на цвеќе пред спомен-обележјето на паднатите борци.

Во рамки на посетата најавена е и средба на српскиот министер за правда и државна управа со министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

Македонскиот премиер Груевски и српскиот премиер Дачиќ синоќа во Скопје имаа обраќања на Светосавската академија по повод одбележувањето на Денот на Свети Сава. Двајцата премиери се заложија за унапредување на односите меѓу двете пријателски народи и држави. На Светосавската академија во Скопје присуствуваа министри од двете влади, пратениците од македонскиот и српскиот парламент, претставници на дипломатскиот кор и многу Срби кои живеат и работат во Македонија.

Пред пет години Владата на Република Македонија предложи, а Собранието го усвои предлогот 27. јануари, денот на Свети Сава, да биде национален прзник на српската етничка заедница во Република Македонија.

Поврзана содржина