1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Српскиот парламент усвои резолуција за Косово

Собранието на Србија синоќа ја усвои Резолуцијата за основните принципи за политички разговори со Приштина. Од 196 присутни пратеници за резолуцијата гласаа 175, а против беа 19 пратеници, додека двајца не гласаа.

Со усвоената Резолуцијата за Косово и Метохија се предвидува, сите идни договори со Приштина да мора да бидат во склад со овој документ и посебно се инсистира на воспоставување на Автономна заедница на српските општини. Во Резолуцијата меѓу другото се наведува и дека во согласност со уставот, меѓународното право и волјата на граѓаните, никогаш нема да биде признаена самопрогласената независност на Косово. Во дијалогот со Приштина се поаѓа од тоа секое решение од општ или привремен карактер, за преоден или конечен статус на Косово, за положбата на Србите и заштитата на верското и културно наследство да биде во согласност со Уставот и Резолуцијата 1244, стои во усвоениот документ.

Првичниот текст на резолуцијата беше изменет за три амандмани кои ги предложи Одборот за Косово и Метохија, а кои се усогласени на заеднички состанок на претседателот и премиерот со шефовите на пратеничките групи.

Николиќ со оптимизам ги очекува преговорите Белград - Приштина

Serbien Präsident Tomislav Nikolic

Претседателот на Србија Томислав Николиќ

Претседателот на Србија Томислав Николиќ синоќа изјави дека со поголем оптимизам ја очекува следната рунда преговори меѓу Белград и Приштина: „Со поголем оптимизам ги очекувам следните преговори, бидејќи сите кои ќе преговараат ќе ја имаат Резолуцијата в рака и ќе мора да му поднесат извештај на Собранието“, рече Николиќ во парламентот по усвојувањето на Резолуцијата за Косово. Николиќ изрази и задоволство што власта и опозицијата „како никогаш покажаа заеднички јазик“, но и рече дека жали што не е постигнат општ консензус.

ДС е задоволна што е тргната ознаката „тајно“.

Borko Stefanovic Serbien Kosovo Verhandlungen

Борислав Стефановиќ

Шефот на пратеничката група Демократска партија (ДС), Борислав Стефановиќ изјави дека очекува годинава да бидат распишани вонредни избори: „Јасно се потврди дека постоеа две политики и дека политиката на претседателот (на Србија Томислав Николиќ) е победена, како и дека Владата, која има целосен континуитет со предходната, однесе победа“, рече Стефановиќ по седницата на Собранието на Србија на која беше и усвоен владиниот предлог за резолуција за Косово.

Стефановиќ оцени дека е повеќе од евидентно дека Платформата за Косово, која ја изнесе претседателот Николиќ, и резолуцијата, која ја има поддршката на Владата се доказ дека поделбите меѓу претседателот и Владата се длабоки. Според неговите зборови Демократската партија е задоволна што од Платормата е симната ознаката „тајно“.

„Во Платформата се потврди дека се’ за што говоревме дека не чини е исфрлено од неа и влезе во образложението на резолуцијата“, наведе Стефановиќ и додаде дека тоа биле единствените услови, за Демократската партија да гласа за Резолуцијата.