1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Српска партија може да победи на изборите во Косово

Приштинскиот весник „Коха Диторе“ пресметал дека единствена српска листа може да биде победник на изборите во Косово.

Доколку косовските Срби на следните избори излезат со единствена листа, можно е таа да стане водечка политичка сила во Косово, оценува денеска дневниот весник „Коха Диторе“.

„Нивното гласачко тело изнесува околу 300.000 лица, од оние кои се во Косово и оние кои имаат статус на бегалци и за кои официјална Приштина се согласува дека имаат право на учество на изборите, констатира приштинскиот дневен весник.

Истовремено, според весникот, најголемата владејачка Демократска партија на Косово (ПДК) на последните парламентарни избори освои нешто повеќе од 224.000 гласови.

Експертите сметаат дека организираното доаѓање и учество од Србија на косовските Срби кои имаат право на глас, може да доведе до резултат што нема да ја изрази демографската состојба на теренот.

Поранешниот претседател на Централната изборна комисија, Мазлум Баралиу, за весникот изјави дека, доколку Србите бидат добро организирани околу учеството на изборите, „можат да предизвикаат дисбаланс што не може да го замислат 99,99 отсто од оние кои не ја познаваат проблематиката на раселените“.

„Може да се пријават поголем број од оние кои се раселени, вели Баралиу. Тој смета дека таквата излезност може да има многу поголемо влијание на парламентарните избори, но сепак може да влијае и врз локалните избори, бидејќи тоа не ја претставува реална состојба на теренот во општините со српско мнозинство.