1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Српската општина Лепосавиќ одлучува за референдум

Собранието на општината Лепосавиќ денеска (04.01) ќе одржи седница за распишување референдум, на кој граѓаните би требало да се изјаснат дали ги прифаќаат косовските институции на северот на Косово.

default

Претседателот на собранието на општина Лепосавиќ потврди дека за денеска закажал седница на која ќе биде разгледувано прашањето за референдум.

Останатите три општини со мнозинско српско население на северот на Косово - Косовска Митровица, Звечан и Зубин Поток го закажаа референдумот за 14 и 15 февруари. Претседателот на општината Лепосавиќ претходно за новинската агенција Бета изјави дека смета оти референдумот на северот на Косово во моментов е непотребен затоа што ни државата Србија ги нема признато косовските институции и оти е непотребно општините да одлучуваат дали ги признаваат институциите на Косово. Претставниците на останатите општини на северот на Косово претходно порачаа дека со референдумот ќе покажеме оти народот кој живее на северот на Косово не сака да биде дел од косовските институции. Притоа тие, како што рекоа, немаат намера да го прејудицираат статусот, туку на дел од меѓународната заедница и на Албанците да им го „избијат“ изговорот дека Србите од северот ги сакаат косовските институции и дека против нив се само претседателите на општините.

Автор: СН/ ЕМФ/ бета

Редактор: Александра Трајковска