1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Српската влада ги распушти собранијата во северно Косово

Владата во Белград ги распушти денеска советите на четирите општини на северот на Косово - Косовска Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток. Именувани се претседатели и членови на привремени органи во овие општини.

Истовремено српската влада преку соопштение информираше за формирањето Управувачки тим за воспоставување на Заедница на српски општини на Косово. Лидерите на четирите општини минатата недела изразија противење на излегувањето на Србите на локалните косовски избори закажани за 3 ноември.

Кандидатот за градоначалник на северна Косовска Митровица, Оливер Ивановиќ, оцени дека распуштањето на четирите општини е логичен потег на владата и нема да го загрози изборниот процес.

„Сега е потребно поставување политички неутрални органи кои ќе го премостат периодот до изборите“, изјави Ивановиќ, поранешен државен секретар на Министерството за Косово и Метохија и лидер на листата „Србија, демократија, правда - Оливер Ивановиќ“, која учествува на изборите.

Според него, потегот на српската влада претстваува и опомена до директорите на јавните претпријатија на Косово, кои досега заговараа бојкот на изборите.