1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Среќен роденден Мики!

Тој е најпознатиот глушец во светот, но од него никој не се плаши. Жените не скокаат на маса и не врескаат, зашто тој е само нацртан. Животот на Мики Маус започна пред точно 80 години на филмското платно.

default

Мики Маус

Несекојдневна сцена се случува на пароброд. Кормиларот ги импонира патниците, и бидејќи во позадина има и музика, ја влече мачката за опашот додека таа мелодично мјаука. Истовремено една патка е злоупотребена како гајда. Сето ова, се разбира е само нацртано и не е реално. На кормилото на овој музички пароброд е славниот лик од цртаните филмови Мики Маус. Всушност, ова е сцена од неговиот прв филмски настап пред 80 години (18 ноември, 1928 година) во филмот „Паробродот Вили“. Инаку, звуците и шумовите во позадина ги правеше лично, неговиот креатор, Волт Дизни.

Disney Mickey Mouse

Врз успехот на ликот на Мики Маус изградена е цела империја

Мики беше јунакот во првиот цртан филм со тон

Кога господин Дизни како млад човек, во 1920 година, веќе немаше желба да ја работи здодевната работа, цртач на реклами, тој полн со идеи замина за Холивуд. Таму црташе весели животни. Неговите цртежи ги понуди како едноставни кратки цртани филмчиња во кината. Тие, потоа, сакаа повеќе и така од еден круг за главата, еден за телото и два за ушите, се роди глушецот познат како Мики Маус.

Цртаните филмови на Волт Дизни, наидоа на одличен прием кај публиката, иако Дизни не беше многу талентиран цртач. Потоа дојде до револуција: сликите започнаа да „зборуваат“ и во 1927 година се појави првиот филм со тон - “Џез пејачот“. Инсипириран од ова Волт Дизни си постави цел - да го направи првиот цртан филм со тон. И така, неколку години подоцна, со разни звуци и шумови измешани со музика се роди првиот тонски филм за Мики Маус: „Паробродот Вили“.

Walt Disney

Волт Дизни, таткото на Мики Маус

Империјата на Волт Дизни

Огромниот успех кој тогаш го постигна овој краткометражен филм со Мики Маус може само да се спореди со големите успеси на кино-благајните, кои денеска ги постигнуваат филмовите од големите холивудски продукции. Волт Дизни заработи многу пари, основаше сопствено студио, а својата Дизни компанија ја направи една од најуспешните.

Тој изгради империја од цртани авантури и весели анимирани животински ликови. Веќе одамна целовечерните анимирани филмови на Дизни го достигнаа нивото кое далеку ги надминува стандардите на детска забава. Дизни своите филмови ги адаптираше и за возрасна публика. Стотина техничари денес работат истовремено на повеќе кино проекти, но веќе ништо не оди без компјутер.

Долг е патот од првиот Мики Маус во „Паробродот Вили“, до актуелните врвни достигнувања на анимирана уметност. Во денешното перфекционистичко лудило, на кое понекогаш му недостасува определен шарм, би било во секој случај добро да не се заборават скромните почетоците на Мики Маус од пред 80 години.


Аудио и видео прилози на оваа тема