1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Среќен роденден, Барби!

Дури и по педесет години поминати како интернационална џет-сетерка, Барби се` уште изгледа како згодна тинејџерка. Лесно и` е неа да ги издржи годините. Нејзиното 29 сантиметри високо тело е направено од пластика.

default

Барби „вози“ веќе педесет години

Таа отсекогаш била луксузен предмет, кој широките народни маси можеле да си го дозволат. Токму на тоа се должи нејзиниот успех. Оваа недела, Барби слави педесет години.

BdT Barbie-Sammlung im Auktionshaus Christie's versteigert

Барби низ годините

Една од причините што Барби е толку популарна е тоа што сите девојчиња сонуваат да имаат некоја од нејзините професии - од стјуардеса до претседателски кандидат. Тие дури и` завидуваат на секогаш совршената гардероба, во која Барби блеска, каде и да се појави - од плажа до црвениот тепих.

Меѓутоа, не сите ја обожаваат Барби. Посебно не оние чии тела се целосно спротивни од совршените, скоро невозможни телесни пропорции на куклата. Социолозите дури ја обвинуваат Барби дека поради нејзината љубов кон скапи додатоци ги претвора младите девојчиња во идни големи конзумери.

Девојчињата сакаат да си играат со „возрасни“

Но, фановите на Барби не сакаат ни да слушнат за ова. Куклата стана хит откако во 1959 година беше претставена на саем за играчки во Њујорк. Рут и Елиот Хандлер, основачите на компанијата што ја произведува Барби, „Мател“ велат дека идејата била на Рут - тој забележал дека ќерка му си игра со кукла што сама си ја направила, која повеќе наликувала на возрасна жена. Хандлес сфатил дека на светот му треба кукла-тинејџер.

Веднаш по Барби дојдоа и автомобили за Барби, коњи, козметика, куќички... исто како во вистинскиот живот. Се разбира, и нејзиниот изглед се смени со текот на времето и таа сега изгледа нешто попријателски.

Барби во средовечна криза

Barbie mit Zubehör

Совршениот свет на Барби

Но, мора да се забележи дека дури и на нејзиниот роденден, совршената претстава за Барби во последно време е тешко да се задржи. Финансиски, таа не стои најдобро. Ова, пред се`, се должи на конкуренцијата, куклуте Брац на американскиот производител МГА, кои на пазарот излегоа пред две-три години. А конкуренцијата, заедно со финансиската криза, си го направија своето. Оваа година Барби забележа незапаметен пад на продажбата за 46 насто.

Но, Барби не е премногу возбудена поради ова. Се` уште се смешка и се пресоблекува...