1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Среќа за која не смее да се зборува!

При извлекувањето на осумте групи за Светското првенство во фудбал во Кејптаун, германската репрезентација навистина имаше среќа. Само што тоа селекторот Јоаким Лев не смееше да го признае пред јавноста.

default

Лев е среќен, иако за тоа не смее да зборува

Веќе споредбата со групата во која ќе игра селекцијата на повеќекратниот светски првак Бразил покажува дека Германците можеше да ги снајде нешто многу потешко, да не кажеме многу полошо. Бразилците ќе мораат да ги одмерат силите со тимот на Португалија собран околу фудбалската супер-ѕвезда Кристијано Роналдо. А не помалку опасен е и тимот на Брегот на слоновата коска, чиј гениј се вика Дидије Дрогба. Значи, веќе во натпреварите по групите, Бразилците ги очекуваат два натпревари, во кои не смеат да си дозволат ни најмала грешка.

Ако ги погледнеме противниците на германските фудбалери, оптоварувањето за ни, во споредба со она на бразилските колеги, е навистина скромно. Репрезентацијата на Австралија додуша доминираше во азиската група на квалификациите, но таму нејзини противници, покрај Јапонија, беа тимови како Бахреин, Катар и Узбекистан. И Србија не изгледа како надмоќен соперник. Таа навистина ја совлада во квалификациите екипата на вице-првакот на светот од претходното првенство, Франција, но она што Французите го покажаа последниве месеци навистина е само сенка од некогашниот сјај. А репрезентацијата на Гана ги одмери силите со Бенин, Мали и Судан, кои секако не спаѓаат во елитата на африканскиот фудбал.

Не го потценувај противникот

Charlize Theron Schauspielerin WM-Ball Südafrika Kapstadt Weltmeisterschaft Fußball

Гордоста на ЈАР, Чарлиз Терон, ги извлече осумте групи во Кејптаун

Ова не значи дека играчите околу селекторот Јоаким Лев треба да ги потценат противниците во групата. Особено во екипите на Србија и Гана има одлични поединци, кои можат да заблескаат и да им направат сериозни проблеми на германските фудбалери. Но, доколку избраниците на Лев бидат на ниво како во натпреварот од квалификациите против Русија, тогаш не би требало да имаат проблеми со ниту еден од тројцата соперници во групата. А што ќе ги чека потоа, ако победат? Екипите што се сметаат за големи фаворити како Бразил, Шпанија и Италија во секој случај може да им се испречат на патот најрано во полуфиналето. Е, сега, нека кажат дека немале среќа во жрепката за Мундијалот во Јужноафриканската Република!

Aвтор на коментарот: Штефан Нестлер

Превод: Горан Чутаноски

Редактор: Жана Ацеска