1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Средоземноморска унија - што остана од идејата на Саркози?

Во Париз привршуваат подготовките пред, во главниот француски град да биде формирана Средозеноморската унија, престижниот проект на претседателот Никола Саркози.

default

Францускиот претседател Никола Саркози

Уште за време на кампањата за фуранцуските претседателски избори минатата година претседателот Никола Саркози ја изнесе визијата за создавање на поврзница меѓу Европа и Африка. Сега како претседател на Советот на Европа, Саркози ги реалзира овие планови.

Кратко пред почетокот на основачкиот самит во Париз, тој уште еднаш нагласи колку за него е важен овој проект „Дење и ноќе работиме на оваа Средозмноморска унија. Тоа е нешто што ми лежи на срце. Посебно ме радува присуството на сите шефови на држави и влади во Париз од ЕУ и регионот на Средоземноморјето. Тоа воедно е најдобрата порака за мирот на Блискиот исток.“

Покрај шефовите на држави и влади на ЕУ, повеќето шефови на земјите на Средоземноморскиот регион, вклучувајќи ги арапските држави и Израел како и турската влада го потврдија своето учество. Претседателот на Либија, Муамер ел Гадафи нема да присуствува на самитот во Париз. Тој првично ја поздрави идејата, но потоа се изјасни против ваков сојуз на земјите кои излегуваат на Средоземното море. Против плановите на претседателот Саркози се изјасни и Алжир, но претседателот Абделазис Бутефлика сепак ќе присуствува на конференцијата.

Претседателот на Европскиот парламент Ханс Герт Петеринг ги поздрави можностите кои произлегуваат од една ваква соработка но истовремено јасно кажа „Парламентот ќе внимава многу на тоа, работите да не останат на реторика туку навистина да дојде до конкретни резултати, при политичкиот дијалог, на економско поле, при заштитата на околината, при дијалогот на културите, при размената на младите. Тоа е и единствениот собир на кој се среќаваат Израелците и Палестинците и како европски парламент сакаме ова да го подржиме.“

Средоземноморската унија, која викенднов се формира во Париз, сепак не е она што го замисли претседателот Саркози на почетокот. Пред сите Германија ги спречи неговите амбициозни планови за ексклузивен Средознмноморски клуб под палката на Франција. Германската канцеларка Ангела Меркел се заложи за тоа Унијата за Средоземното море да остане вкотевена во рамките на структурата на ЕУ. Во нејзината последна видео подкаст порака Меркел истакнува „Во иднина сакаме да разговараме на исто рамниште со земјите што излегуваат на Средозменото море и на тој начи да дадеме придонес да се решат и проблемите на Европа“

Според Меркел, Средозмноморската унија е продолжение на Барцелона процесот кој покажа дека соработката со соседите во Средоземното море е од корист, но потребна е нова динамика на тој процес.