1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Средба Штајнмаер Пелози

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер денеска потсети дека САД заедно со Европа сносат одговорност за заштита на климата. По разговорите со претседателката на американскиот Сенат , Ненси Пелози во Берлин, Штајнмаер изрази надеж дека и покрај големите несогласувања во однос на заштитата на климата дека на претстојниот Самит на Г8 кој ќе се одржи во Германија ќе се постигне напредок на овој план. Пелози утре во Берлин ќе има средба и со германската канцеларка Ангела Меркел.