1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Средба Шредер – Ширак

Германскиот канцелар Герхард Шредер и францускиот претседател Жак Ширак се согласија дека ратификацијата на европскиот устав треба да продолжи.

По неуспешните референдуми во Франција и Холандија, меѓутоа, мораат да се најдат одговори за страхувањата на луѓето во Европа, изјави нивните портпароли по двочасовната средба во Берлин. Шредер ја повтори готовноста за отстапки во преговорите за финансирањето на Европската унија.

„Идејата за Европа не смее да пропадне само затоа што сега постојат тешкотии„ изјави портпаролот на германската влада Бела Анда. „Тие треба да бидат решени токму врз основа на таа идеја. Ништо не е поважно туку во сегашнава фаза да се прифати Европа„, рече Бела Анда кој дополни дека секоја земја-членка има право и обврска да го даде својот глас, со што го објасни залагањето на Шредер и Ширак за продолжување на процесот на ратификација на европскиот устав. На претстојниот самит на ЕУ во Брисел, Шредер јасно ќе соопшти дека е подготвен на отстапки околу финансирањето на Унијата, подвлече Анда:„Националните егоизми веќе не смеат да играат никаква улога„.

Портпаролот на Ширак, Жером Бонафон изјави дека Унијата во тешки времиња треба да се обедини и тоа мора јасно да се покаже на самитот на 16 и 17 јуни. Ширак и Шредер заеднички сметаат дека треба да продолжат напорите за европската интеграција, а во тој процес германско-француската соработка е решавачки елемент. Европската унија во економски, социјален и политички поглед мора на граѓаните да им обезбеди подобри одговори за нивните грижи.

Шредер и Ширак повторно ќе разговараат во идниот петок во Париз. На 13 јуни, три дена пред самитот на Унијата, Шредер во Берлин ќе се сретне и со британскиот премиер Тони Блер.