1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Средба Црвенковски Фата

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски и Даниел Фата, заменик на американскиот министер за одбрана на средбата во Скопје се согласиле дека Македонија мора што поскоро да спроведе повеќе реформи во одбраната бидејќи е кус периодот во кој НАТО ќе одлучува за нови членки. Како што соопшти кабинетот на претседателот, високиот претставник на Пентагон уште еднаш ја повторил принципиелната поддршка на САД за полноправно членство на Македонија во НАТО и ЕУ.