1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Средба Хено Црвенковски

*

Претседавачот со воениот комитет на НАТО, генерал Реј Хено на денешната средба со македонскиот претседател Црвенковски ги повтори оценките дека воените и безбедносните реформи се успешни и позитивно ќе бидат вреднувани во Алијансата. Црвенковски повторил дека земјата е цврсто решена да ги исполни преостанатите обврски за да се достигнат критериумите и стандардите кои ќе овозможат да се добие покана за членство во НАТО. Посетата на генералот Хено се оценува како позитивен сигнал за Македонија со оглед на тоа што Воениот комитет на НАТО ги посетува земјите кандидати непосредно пред нивното зачленување во Алијансата.