1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Средба со Нимиц

Заедничка средба на македонскиот претседател Бранко Црвенковски и министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски со посредникот во преговорите со Грција околу спорот за името, Метју Нимиц.

default

Нема нови моменти во спорот. Милошоски вели дека средбата е искористена за да се претстави новата влада и единството во ставовите со претседателот околу името:

“Тоа беше добра шанса уште еднаш да ги реафирмираме позициите и да ја подвлечеме усогласеноста на ставовите во однос на името до завршувањето на изборите во Грција не би требало да се очекува поголема динамика во однос на преговорите, а после тоа ќе останеме во комуникација преку нашите преговарачи кои се во постојан контакт со господинот Нимиц и ќе определиме кога и како би дале поголем интензитет на ова прашање.“