1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Средба Солана-Ишингер

*

Високиот претставник на ЕУ , Хавиер Солана денеска разговараше со германскиот дипломат Волфганг Ишингер , кого ЕУ го именуваше за свој претставник во посредничката тројка составена од САД , ЕУ и Русија за идните преговори за статусот на Косово. Солана и Ишингер на средбата размениле мислења за чекорите за придвижување на дијалогот меѓу Белград и Приштина за косовското прашање- соопшти портпаролот на Солана Кристина Галјак. Според нејзе изборот на Ишингер кој важи за експерт за Балканот ја покажува сериозноста и големата важност која Берлин и целата ЕУ и ја придава на целта да се приближат ставовите на Белград и Приштина и да се отвори вратата за одржливо решение за статусот на Косово