1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Средба Попоски- Рикер

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски денеска го прими Филип Рикер, заменик помошник на државниот секретар на САД, надлежен за европски и евроазиски прашања.

default

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски

Македонското министерство за надворешни работи соопшти дека на средбата Попоски и Рикер размениле мислења за сите актуелни прашања од заеднички интерес, особено насоките за натамошен развој на билатералните односи меѓу двете земји, за состојбите во регионот на Југоисточна Европа, како и за евроатлантските интегративни процеси на Македонија.

Министерот Попоски го нагласил долгорочниот интерес на македонската влада за сeвкупно унапредување на стратешките партнерски односи со Соединетите Американски Држави. Во тој контекст изрази очекување за позасилена американска поддршка во периодот пред претстојниот Самит на Алијансата во Чикаго, со цел што поскоро ефектуирање на поканата за членство на Македонија во НАТО.

Во однос на пресудата од Меѓународниот суд на правда, министерот Попоски се заложи за почитување на принципите на меѓународното право и ја повтори посветеноста на Република Македонија за решавање на спорот со Република Грција преку активно и конструктивно учество во преговорите под покровителство на ООН.

Заменик помошникот државен секретар Рикер го истакна задоволството од одличните билатерални односи меѓу двете пријателски земји и го реафирмира ставот за цврста поддршка на САД за евроатлантската интеграција на нашата држава. Поздравувајќи го конструктивното однесување на Македонија по објавувањето на пресудата на Меѓународниот суд на правда, Рикер изразил очекување дека пресудата ќе претставува поттик за двете страни за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот околу името.

Автор:СН/АМ/миа

Редактор: Симе Недевски

Поврзана содржина