1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Средба на Џорџ Буш со Первез Мушараф

Американскиот претседател Џорџ Буш во Блеата куќа го прими пакистанскиот премиер Первез Мушараф. На прес конференцијата по средбата и двајцата пружија напори да демонстрираат единство, со оглед на разликите кои се појавија во јавноста деновиве.

Буш и Мушараф

Буш и Мушараф

Генерал Мушараф пред средбата со Буш ги наслушна забелешките дека американската влада, кратко по 11 септември 2001 и се заканувала на нејзината влада со бобмашки напад, во случај Исламабад во борбата против тероризмот да не застане јасно на страна на САД. Ричард Армитејџ тогашниот заменик министер за надворешни работи, ја искажал заканата пред пакистанскиот шеф на тајните служби: со бомбардирањата земјата ќе се врати назад во камено доба. Ова Мушараф го тврди во интерју, кое утре треба да се семитува на американската телевизија. Армитејџ во меѓувреме демантираше, исто и претседателот Буш на вчерашната прес конференција. „Не знам ништо за разговор од овој тип, како што известуваат весниците. Ништо не знам за тоа. “

Мушараф пак вешто ги одбегна прашањата на новинарите „Мојата книга ќе биде објавена на 25 септември, со моите издавачи се договорив, дека претходно не смеам ништо да кажам.“

Искри меѓу двете влади имаше и неодамна по прашањето кој е одговорен за потрагата по Осама Бин Ладен, имено од експерите за тероризам постоеше сомневање дека тој се крие на пакистанксо – авганистанската граница. Буш дури и потврдно одговори, дека доколку се утврди местото на престој на Бин Ладен на пакистанска територија ќе изаде наредба за негово фаќање. Мушараф го критикуавше ова. Но вчера во јавноста и по ова прашање се демонстрираше единство „Заеднички сме во потрага. Сакаме да го фатиме и доколку го лоцираме местото каде тој се наоѓа знаеме што треба да се стори.“

Буш изрази задоволство и од потврдата на Мушараф, дека потпишаниот договор со еден од племенските водачи во регионот Вазиристан контролиран од Талибанците, не претставува поддршка за Талибанците.

Инаку соработката меѓу САД и Пакистан важи за централна во борбата против Ал Каеда. Наредната среда, Буш и Мушараф повторно ќе се сретна, но овој пат на преговарачката маса ќе седи и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, кој на пакистанската влада и префрлува дека не презема доволно мерки за да го спречи протирањето на Талибанците на авганистанска територија.

На средбата стана збор и за кризниот регион Кашмир, а Буш рече дека постои подготвност да се помогне само и кај двете страни мора да постои воља за мировен договор.