1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Средба на Црвенковски и Груевски - знак за деблокада на кохабитацијата

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски по повеќемесечни замрзнати односи остваруваат средба.

default

По средбата со Буш, Груевски ќе го информира Црвенковски

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски од прав рака ќе биде информиран за пораките на американскиот претседател Џорџ Буш до премиерите на земјите од Јадранската група, и посебно за кусиот дијалог на Буш со македонскиот премиер Никола Груевски.

Иницијативата доаѓа од владата што е прв знак за деблокада на кохабитацијата и таа е дел од пакетот на политичките контакти власт - опозиција, претседател – премиер како услов за стабилизирање на инситутцииите во Македонија и консензус околу евроатланските интеграции.

НАТО - името на Македонија

Во сплетот на досегашните разлики последна е изјавата на претседателот Црвенковски дека Македонија би можела да прифати членство во НАТО со кратенката ФИРОМ или ПЈРМ. На истата тема во Тирана на прашањето од грчки новинар како ќе се реши спорот околу името, премиерот Груевски одговори, кога ќе влеземе во НАТО ќе се најде солуција.

Интересна е денешната анкета во весникот Шпиц. Над 70 проценти од граѓаните се противагтт Македонија во НАТО да влезе како ФИРОМ. На денешната средба Црвенковски Груевски не се очекува разговор на оваа тема. Повиканите камери и самата најава за средба има за цел да демонстрира обид за деблокада на заедмните односи меѓу двете важни институции во државата претседателот и премиерот.

Повеќемесечните замрзнати односи носат политички последици

Стопирана е амбасадорската смена. Не се усогласени или взаемно се блокираат изборите за членство во републичкиот судски совет, важен орган во реформирањето на правосудниот систем и изборот на судиите.

Евидентни беа не синхронизарните настапи во светот. Владата ги игнонираше критиките од претседателот за бавните реформи, застојот за блокадите во политичкиот дијалог власт - опозиција. Настапите на Црвенковски во Брисел и одделни европски престолнини ги оценуваше како нејзино кодошење, а не промицја на Македонија во незјините евроатлански аспирации.

Претседателот беше изолиран и при неделното предавање на највиоскиот орден за МПЦ и поглаварот Господин господин Стефан, кога ниту еден од министрите не се најде во Света Софија. На престојниот НАТО собир во Охрид, владата не го покани шефот на македонската држава што исто така зборува за разногласието и отсуството на политичка кохерентност меѓу шефот на државата и премиерот кога се работи за еднинствени надворешно политички приоритети.