1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Средба на партнери

Германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин вчера во Москва најавија натамошна надградба на германско-руските односи.

Два часа разговори меѓу партнери: Меркел и Путин во Кремљ

Два часа разговори меѓу партнери: Меркел и Путин во Кремљ

Средбата Меркел – Путин во Кремљ траеше повеќе од два часа. На прес-конференцијата потоа, претседателот Путин оцени:

„Разговорите беа продуктивни, отворени, срдечни и полни со доверба. Средбата го покажа настојувањето да се гарантира континуитет во партнерството. Економските односи меѓу Русија и Германија одлично се развиваат. Само во минатата година размената достигна 32 милијради долари„.

Меркел изјави дека била разгледана цела низа теми. Стратегиското партнерство има широка основа. Теми: Чеченија, Иран и балтичкиот гасовод:

„Треба да биде јасно и во Европа, токму во однос на балтичките земји, но и на Полска, дека ова е проект што не е насочен против никого. И за тоа разговаравме„.

Станало збор и за рускиот закон за невладините организации за кој и од германска страна стигнаа критики. Путин на таа тема се осврна многу дипломатски:

„Многу ми е драго што нашите партнери толку се занимаваат со внатрешните прашања на руската федерација. Сакам да подвлечам дека за овој случај го вклучивме и Советот на Европа и дека е во наш интерес странските цивилни друштва во Русија да можат да ја продолжат својата работа„.

Меѓу Меркел и Путин за време на прес-конференцијата владееше согласност околу темата Иран за што Путин изјави дека Русија, Европската унија и САД имаат заедничка позиција. Околу Чеченија канцеларката подвлече дека ќе направи се да се спроведат предлозите на Европската унија за регулирање на конфликтот во Северен Кавказ. Билансирајќи ги разговорите Меркел изјави:

„Водевме многу отворен дијалог, се обидовме меѓусебно да си одговориме и дијалогот ќе продолжи па верувам дека овој отворен дијалог ќе го одржиме што е добро за пратнерството„.

Би било прерано да се зборува за топол однос меѓу двајцата: обајцата делуваа воздржано. Сепак во оваа година ќе се сретнат уште неколкупати: на пример на владините консултации во Томск. Меркел го покани Путин на авио-саемот во Берлин како и на петерсбершкиот дијалог во Дрезден.