1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Средба на најблиските сојузници

Британскиот премиер Гордон Браун е првиот европски државник кој во Белата куќа се сретна со новиот американски претседател Барак Обама. Во фокусот на нивните разговори беше справувањето со глобалната економска криза.

default

Белата куќа

Иако на британскиот премиер Гордон Браун му успеа да биде првиот Европеец гостин на новиот американски претседател во Белата куќа, сепак интересот на новинарите беше насочен пред се’ кон Барак Обама. Весникот „Њујорк тајмс“ објави дека Обама на Русите им го понудил следниов договор: „Ако ни помогнете во преговорите со Иран и неговата атомска програма, за возврат би можеле да се откажеме од непопуларниот анти-ракетен штит во Источна Европа“. Овој извештај не бил сосема точен, критикуваше Обама. Истовремено, тој меѓутоа појасни, дека САД под определени услови навистина би можеле да бидат подготвени да се откажат од анти-ракетниот штит.

„Она што го кажав во писмото беше следново: ’Во онаа мера во која Иран ќе се дистинцира од неговите планови за вооружување, во таа мера се намалува потребата за системот за одбрана од ракетни напад’“, рече Обама.

Размена на изрази на љубезност

Gordon Brown bei Barack Obama

Меѓутоа сите знаат дека тоа не може да се случи без фактичка подршка од Москва. Тоа го знае и Обама. Дискусијата околу анти-ракетниот штит би можела да помогне одново да заживеат односите со Русија. Сепак, претседателот видливо се трудеше, да ги смири земјите, во кои неговиот претходник Буш сакаше да го стационира анти-ракетниот систем. Обама истакна дека Москва мора да ја земе предвид непоколебливата обврска на САД кон безбедноста на земјите како Полска и Чешка. Тогаш претседателот се заврте кон својот гостин од Велика Британија. Согласно традицијата Обама ги пофали извонредните односи меѓу Вашингтон и Лондон.

„Велика Британија е еден од нашите најблиски и најсилни сојузници. Постои врска којашто нема да се раскине“, рече Обама.

На Гордун Браун можат добро да му користат овие изрази на љубезност од човекот, кој и во Велика Британија е многу популарен, бидејќи на самиот Браун дома не му оди добро. Тој се надева дека неговата посета како прв Европеец кај новиот американски претседател, ќе му помогне кон подобро.

Заеднички против економската криза

Finanzgipfel Washington Gruppenbild

Големи надежи се полагаат во новиот Самит на Г20

И Браун не штедеше зборови за пофалба на Барак Обама.

„Она што тој го направи за заздравување на економијата во првите 50 денови од својот мандат ќе биде запишано во книгите за историја“, рече Браун.

И со тоа британскиот премиер веќе беше кај темата, која истотака може да му помогне да го подобри својот лош имиџ во Велика Британија: економската криза и неговиот решителен настап против неа. По еден месец во Лондон се среќаваат шефовите на држави или на влади на Г 20, за да расправаат за натамошните постапки во справувањето со кризата.

„Во наредните месеци се отвора можност за постигнување глобален нов договор за сите земји за да се прочисти банкарскиот систем“, рече Браун, додавајќи дека притоа ширум светот треба да се имплементираат оние стандарди за транспарентност и контрола, кои веќе се испланирани во Велика Британија и САД. Земјите што ќе се спротиставуваат мора да сметаат на последици, порача Браун.