1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Средба на министрите за финансии на еврозоната

Министрите за финансии на земјите од еврозоната денеска (21.06) во Луксмебург разговараат околу задачите што и‘ претстојат на новата влада во Грција. Втора голема тема е Шпанија.

Дипломатите сметаат дека владата во Мадрид сега официјално ќе поднесе барање за помош и ќе наведе какви се нејзините потреби. Германската канцеларка Ангела Меркел и‘ вети на Шпанија поддршка во напорите за рекапитализација на банките. Тоа ќе придонесе за поголема сигурност на финансиските пазари, изјави Меркел по разговорот со холандскиот премиер Марк Руте во Берлин.

Вчеравечер десетици илјади Шпанци излегоа на протести против политиката на штедење на владата и скапото спасување на банките. На протестите во 60 шпански градови повикаа двата синдикални сојузи - УГТ и ЦЦОО. Најмногу демонстранти имаше во Мадрид и Барселона.