1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Средба на министрите за одбрана на Македонија и на Грција

Македонскиот министер за одбрана Фатмир Бесими во Лариса се сретна со неговиот грчки колега Димитриос Аврамопулос, во рамки на посетата на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа .

Од македонското министерството за одбрана соопштуваат дека министрите Бесими и Аврамопулос денеска во Лариса, Грција разговарале за билатералната соработка во областа на одбраната и за можностите за нејзино продлабочување и проширување. Дополнително, се наведува декадвајцата министри заеднички го истакнале значењето на евроатланските интеграции и регионалната соработка во однос на безбедноста и развојот на регионот. Дополнителни информации за средбата не се соопштуваат.
Двајцата министри се сретнале и со Командантот на Бригадата на Југоисточна Европа-СЕЕБРИГ, бригадниот генерал Здравко Поповски од АРМ, кој информирал за организациската поставеност и начинот на функционирање на бригадата, истакнувајќи го значењето и улогата на бригадата во рамките на СЕДМ иницијативата во насока на унапредувањето на регионалната соработка и
добрососедските односи на земјите од југоисточна Европа.
СЕЕБРИГ е во рамките на Мултинационалните сили на југоисточна Европа во СЕДМ иницијативата, процес на соработка на Министрите за одбрана од земјите од Југоисточна Европа и е составена од седум земји: Албанија, Бугарија, Грција,
Италија, Македонија, Романија и Турција.
Локацијата на Командата на СЕЕБРИГ е на четиригодишна ротациона основа и
моментално се наоѓа во Лариса.