1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Средба на министрите за нaдворешни работи на ЕУ: продолжен мандатот на Проксима

Укинато ембаргото за извоз на оружје во Либија, не не и ембаргото против Кина. Заострени санкциите против воената хунта на Бурма, но без согласност за санции против суданската влада. ЕУ беспомошна во случајот со заканите од Иран.

На маргините на средбата во Луксембург: европскиот претставник за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана и ирскиот министер Дерм

На маргините на средбата во Луксембург: европскиот претставник за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана и ирскиот министер Дерм

Советот за надворешни односи на ЕУ денеска донесе решение за продолжување на мисијата Проксима во Македонија за уште една година. Сегашниот мандат на полициската мисија истекува на 15-ти декември. Продолжувањето уследи на барање од македонскиот премиер Хари Костов.

Министрите за надворешни работи, на дводневната средба што започна денеска во Луксембург, дадоа согласност за преземање на командата на мировната мисија на НАТО во Босна, што би уследило од 2-ри декември. ЕУ ќе распореди во Босна контингент од близу 7 илјади војници во рамките на својата досега најзначајна воена мисија наречена Алтеа.

Министрите договорија укинување на ембаргото за извоз на оружје во Либија. Според германскиот министер Јошка Фишер, не се планирани конкретни зделки на тој план меѓу Германија и Либија. “Тоа не е прашање на конкретни системи на оружје, зашто разбирливо самопосебе останува националната компетенција за конкретна проверка, туку ова е прашање за тоа до која мера сакаме да ги нормализираме односите по драматичните промени во Либија” – изјави Фишер. На 15-ти октомври германскиот канцелар Герхард Шредер со голема стопанска делегација ќе ја посети таа северноафриканска џемја. Пред него тоа веќе го сторија тројца европски шефови на влади. Европејците очекуваат добри зделки со земјата богата со нафта и земен гас.

На средбата во Луксембург немаше согласност за укинување на ембаргото и против Кина, за кое пред се‘ се залага Франција, поради тоа што редица европски земји и натаму смета оти почитувањето на човековите права таму е незадоволително. Англискиот министер Џек Стро може да се замисли укинување на ембаргото за оружје и за Кина, но како што рече на маргините на средбата, “само на внимателен и чувствителен начин”.

ЕУ е беспомошна во однос на заканите од страна на Иран дека ќе стационира ракети со голем дострел и оти би можел да започне со облагородување на уран, што е меѓустепен и кон производство на атомско оружје. Унијата сега би можела да се заложи со проблемот да се занимава Советот зе безбедност на ОН. ЕУ и САД претпоставуваат дека Иран сака да развива атомски боеви глави.

“Мислам дека мораме да ја продолжиме дискусијата. Ова е тешка ситуација, во која страхувам дека Иран би можел да се поведе од опасни погрешни сметки и да донесе погрешни решенија. Тоа би требало да го избегнеме” – прокоментира Фишер. Иран не се придржува до ветувањето дадено пред една година на Германија, Франција и Велика Британија дека нема да врши облагородување на уранот.

Министрите не се за санкции против Судан иако оценија дека ситуацијата во кризниот регион Дарфур и натаму не е подобрена. Тие решија да ја прошират забраната за влез во земјита на Унијата за припадниците на политичкото и военото раководство на Бурма, реагирајќи со тоа на изостанувањето какво и да е подобрување на состојбата со човековите права.

Европските министри за надворешни работи, според најавите, треба да усвојат заклучоци за состојбата во секоја од земјите на западен Балкан поединечно, како и за претстојните избори на Косово.