1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Средба на македонскиот и косовскиот премиер Бучковски и Чеку

Демаркацијата на границата е техничко, а не политичко прашање. Со ваквата согласност по прашањето за границата во Скопје денеска заврши средбата на македонскиот и косовскиот премиер Владо Бучковски и Агим Чеку.

Скопје

Скопје

Кабинетот на македонскиот премиер Владо Бучковски е задоволен од изјавата на приштинските власти дека демаркацијата на македонско – косовската граница е административно техничко прашање и дека се признава поранешната линија на разграничување. Со ваквата формулација сите се задоволни, Македонија зашто под поранешна граница ја подразбира веќе исцртаната и договорена со Србија од времето на поранешната Југословенска федерација, за Косово затоа што е одбегнато признавањето на веќе потпишаната меѓудржавна спогодба меѓу властите во Белград и Скопје.

За да се договори неповредливоста на границата и почитување на косовоско – македонската линија на разграничување, во Приштина лобирале САД, а биле присутни завчера и двајца блиски собраотници на македонскиот премиер Бучковски, Биљали и Матовски.

Косовскиот премиер одбегна дополнителен одговоро на прес – конференцијата „ Декларацијата е јасна станува збор за техничко прашање, ние сме за неповредливост на границите во регионот“ рече гостинот од Приштина

За Агим Чеку клучни беа оценките дека за евроталанските аспирации и за двете страни се важни равојот на добро соседските, политички, економнски односи. Објаснувањето за конечната косовоско македонска демаркација ги даде македонскиот премиер Бучковски „ За мене уште еднаш повторувам дека вчерашната декларација која беше издадена од косовската влада од спектрумот на политичките партии уште еднаш ја потврдува јасно изразената воља на косовските власи, непроменливоста на границте да биде базичниот принцип кој е во склад и во рамка на она што го има Советот за безбедност дадено како препорака пред да почнат разговорите во Виена. Би сакал да ја уверам уште еднаш македонскта јавност и вас дека не треба да бидете загрижени за какво било заладување на одностите меѓу Скопје и Приштина. “

Бучковски се обиде да ја илустрира оваа атмосфера. За границатта разговаравме само неколку минути од едночасовната средба.

Македонскиот премиер од албанските новинари беше прашан дали македонската влада прва ќе ја признае независноста на Косово

„За првпат ќе направам една паралела. Не е важно дали Косово ќе го признае прво Скопје или Тирана, туку е важно да има признавање од меѓународната заедница. И не вереувам дека Косоварите и премиерот Чеку ќе влезат во варијанта да бидат призната држава од само една или две други држави.“

Агим Чеку допатува со воз со бројна бизнис делегација која разговара со македоснките стопанственици. Лидертите Груевски и Петковски одбегнаа средба со него. Косовскиот премиер заедно разговараше со македонскиот парламентарен партиски блок, а одвоено со Ахмети, Џафери и Вејсели сите тројца претходно беа како партиски лидери во Приштинна.