Средба на Либанските политичари во Франција | Вести | DW | 14.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Средба на Либанските политичари во Франција

*

Денеска и утре во Франција се среќаваат претставници на 14 владини и опозициони партии од Либан. На средбата треба да се најде излез од внатреполитичката криза во земјата. Конференцијата се оддржува во предградие на Париз, а поканети се и минстри и пратеници меѓу нив и претсавници на Хезболах милициите, блиски до Сирија како и нивни сојузници. По иницијатива на Франција треба да се постигне “национален дијалог” и да се надмине политичката борба за превласт која трае повеќе месеци. Како посредник на средбата учествува и францускиот министер за надворешни работи Бернер Кушнер.