1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Средба на Коневска Трајковска со Рен во Брисел

Еврокомесарот за проширување на ЕУ , Оли Рен ги поздрави напорите за подобрување на политичката клима во Македонија и ги охрабри сите политички фактори во земјата да направат напори за постигнување компромис од кој ќе се добија клучни резултати. Рен по вчерашната средба во Брисел со вице-премиерот во македонската Влада, Габриела Коневска Трајковска која е задолжена за европски прашања , уште порача дека патот на европска интеграција зависи од интензитетот на реформите што ги спроведува Македонија . Европската Комисија треба да види доказ дека нешто е направено – порача Еврокомесарот за проширување .