1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Средба на два џина

Индија и Кина се најбројните земји по население во светот и со најголем економски пораст. Во меѓувреме, двете земји, како соседи профитираат и од билатералната трговија. По децении политички и економски “замрзнати односи“, Индијците и Кинезите во изминатите години инвестираа многу во нивните меѓусебни односи. Од 2000 година наваму трговскиот волумен е шестпати поголем во споредба со порано. Индија и Ки

Ху и Синг

Ху и Синг

на се приближуваат до бројката од 20 милијарди долари трговска размена. И, веќе ја имаат пред очи наредната амбициозна цел.

Четиридневната посета на Ху Џинтао е прва посета на еден кинески претседател на Индија во последните 10 години. По разговорите со индискиот премиер Синг во Њујорк, кинескиот претседател соопшти:

“Двете земји си поставија нова цел – трговскиот волумен до 2010 година да се зголеми на 40 милијарди долари. Потпишавме договор за поттикнување и за заштита на инвестиции. Решивме и да ги забрзаме разговорите околу договорот за слободна трговија.“

Кина постојано се жалеше дека не доаѓа на дневен ред во Индија кога станува збор за големи проекти, пред се поради дилемите околу безбедносни прашања. Во Индија сеуште има луѓе кои се скептични зашто Кина има економска надмоќ. Но, и кај нив, се повеќе се пробива сознанието дека во времиња на бум и двете земји можат да профитираат. Индискиот премиер Манмохан Синг говори за светли перспективи за истовремен развој на двете земји:

“За двете земји има доволно место. Можеме да си дадеме поддршка во заедничкиот развој, но притоа треба да имаме и чувство за сомнежите и дилемите на другиот. Како што се вели за добри соседи и партнери – на обострана полза.“

Проблематичен пред се граничниот регион меѓу двете земји. Индија ги бара од страна на Кина запоседнатите делови на Кашмир, додека Кина има барања за индиската сојузна држава Аринанкал Прадеш на границата со Тибет. Во 1962 година двата соседи веќе водеа крвава војна за тоа. Но, за да се отстранат пречките за економските односи, Индија и Кина сакаат да ги решат што е можно побргу граничните кавги. За тоа, по средбата на врвот, е соопштено дека ќе биде назначен специјален ополномоштеник за гранични прашања.

Хи Џинтао во четврток заминува за Пакистан на потпишување договор за слободна трговија и за зајакнување на нуклеарната соработка. Ваквото приближување на Кина до Пакистан, на Индија воопшто не и се допаѓа.