1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Средба на Буш со Ро Мо Хун

Американскиот претседател Џорџ Буш во Вашингтон се сретна со неговиот јужнокорејски колега Ро Мо Хун. Во центарот на разговорите беше севернокорејската атомска програма. Разлики меѓу Сеул и Вашингтон се покажа и поради делумното повлекување на јужнокорејските трупи од Ирак.

Белата куќа

Белата куќа

Претседателот Буш и неговиот јужнокорејски колега Ро Мо Хун во основа се согласни со тоа дека целта мора да биде заживување на шестпартитните разговори и Северна Кореја повторно да се врати на преговарачка маса. Буш по средбата со Ро, за ракетните тестови на Ким Јонг Ил во јули истакна „Неговото спротивставување да се врати на преговарачка маса ја засили нашата алијанса на пет земји. Одлучни сме проблемот да го решиме по мирен пат, но истовремено гледаме опасност, која во регионот потекнува од една земја која се наоружува со атомско оружје.“

Ро појасни дека воопшто не доаѓа предвид пропаѓање на шестпартиттните разговори, кои се замрзнати од ноември 2005. Но додека САД по рактените тестови во јули го засили притисокот врз Пјонгјанг, Јужна Кореја го продолжува курсот за попуштање на напнатоста. Владата на Буш во меѓувреме изработи и пакет санкции, но со исклучок на Јапонија другите учесници во шестпартитните преговори Русија, Кина и пред се’ Јужна Кореја се против вакви санкции. По разговорите во Вашингтон и двете страни се обидоа да покажат како да се на иста линија. Претседателот Ро „Затоа што не сакаме да им наштетиме на внатре – корејските односи порадо не би зборувале за санкции. Но по јужно – корејските тестови дефакто преземавме мерки.“

Друга причина за затекнување на одностите на релација Сеул Вашингтон е и желбата на Јужна Кореја да промени договор од времето на Кореанската војна, со кој труптие на југот во случај на војна стојат под американска врховна команда. И додека прекинувањето на договорот не е спороно, имаше и различи претстави за времето на командниот трансфер. Претседателот Буш го објави постигнатиот компромис „Со претседателот Ро сме на мислење дека прашањето не треба да стане политички проблем. Разговарав со мојот министер за одбрана за да утврдам дека времето на командниот трансфер ќе биде регулиранио на коуслтатиевн пат и на соодветно владино ниво.“

Откажувањето на американската влада од врховната команда врз јужнокорејските трупи е прашање кое се наоѓа во каталогот на барања на Сверна Кореја, но САД сака да го избегне впечатокот, по ова прашање сега да му излезе в пресрет на Северот на земјата.