1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Средба на Блискоисточниот квартет

Блискоисточниот квартет се среќава денеска во Вашингтон за да разговара за најновиот развој на ситуацијата меѓу Израелците и Палестинците и предизвиците на мировните преговори.

default

Фотографија на главните учесници од поранешна средба на квартетот во Москва

Од извори на израелската влада се дознава дека главна тема на средбата во Вашингтон ќе бидат плановите на палестинските власти едногласно да прогласат независност и тоа со поддршка од некои членки на ОН. Израел решително се спротиставува на ваквите планови на Палестинците. Американскиот претседател Барак Обама смета дека ваквата дипломатска акција ќе биде контрапродуктивна за натамошниот напредок на блискоисточните мировни преговори. На Обама до сега не му појде од рака да го заживее дијалогот меѓу Израелците и Палестинците.

На средбата ќе учествуваат шефицата на Стејт департментот, Хилари Клинтон, првиот руски дипломат, Сергеј Лавров, како и првиот човек на европската дипломатија, Кетрин Ештон. Таа за жал нема усогласен став за ова чувствително прашање од членките на ЕУ во дипломатскиот куфер. На квартетот му припаѓа уште ООН.

Автор: АТ/ГЧ/дв

Редактор: Горан Чутаноски