1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Средба меѓу Црвенковски и Груевски

И македонскиот претседател и премиерот имаат идентични ставови околу клучните прашања на надворешната политика

Прва средба на шефот на државата со премиерот,по протоколарната средба кога Бранко Црвенковски му го довери пред еден месец мандатот за состав на нова влада на Никола Груевски.Средбата траеше повеќе од два часа.Претседателот и премиерот ја договараа меѓусебната соработка,како ќе кохабитираат.Црвенковски и Груевски се согласиле дека заеднички треба да бидат клучните цели на надворешната политика на земјата,интеграција во ЕУ и во НАТО.

-Уште еднаш ги реафирмиравме нашите позитивни пристапи кон овие прашања,и мислам дека со задоволство може да се констатира дека овој национален консензус продолжува и заедно понатмау ќе го правиме сето она што е во наша моќ за Македонија да го постигне она што го има планирано,изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски,кој го придружуваше премиерот во кабинетот на претседателот.

Ставовите на Црвенковски и на Груевски се идентични во врска со спорот со името со Грција,дека Македонија не отстапува од уставноот име и дека преговорите со јужниот сосед треба да продолжат во рамките на ОН.

На денешната средба на државниот врв се разговарало и за други важни прашања од надворешната политика.Груевски го отворил прашањето за повлекување на двајцата македонски амбасадори од Вашингтон и од Лондон,Љупчо Јордановски и Ѓорѓи Спасов,поради инволвираност во партиските пресметки во нивната матична СДСМ.

Претседателот Црвенковски ,без чија согласност не е можно разрешување на двајцата дипломати,не се изјаснил,но кажал дека е легитимно владата да ги повика на консултации Јордановски и Спасов.Додека траеше средбата во кабинетот на претседателот Црвенковски,парламентот не успеа да обезбеди кворум за одржување на втората седница на која требаше да бидат избрани собраниските потпретседатели и комисиите.