1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Средба меѓу историјата и иднината

Во Пелинце денеска се одржува прославата по повод 63 годишнината од одржувањето на првото заседание на АСНОМ,на која зборуваше претседателот Бранко Црвенковски

default

Претседателот Црвенковски

На десетина километри пред Прохор Пчињски,манастирот каде што пред 63 години е основана современата македонска држава,е меморијалниот центар Пелинце.Таму денеска како и четири години наназад,Македонија ја одбележува годишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ.Српската црква не дозволува влез во манастирот на српска територија,па Македонија наменски го изгради Пелинце како алтернативно место за прославата на 2 август и Вториот Илинден.

Годинава домаќин и главен говорник на прославата е шефот на државата,Бранко Црвенковски:

„Денес е втори август,Илинден,најголемиот празник на Македонија и на сите Македонци ширум светот.Ден за средба со историјата и поглед кон иднината.Ден,кога поклонувајќи се пред духовните вредности создадени низ пожртвуваноста на илинденската епопеја од пред еден век,ќе побараме одговор во кои вредности ќе веруваме,кон кои цели ќе се стремиме во векот што надоаѓа.Ден кога искажувајќи на јашата почит кон темелот на современата македонска држава,АСНОМ,ќе си одговориме не дали,туку каква Македонија ќе имаме и што треба да направиме за да биде подобра,посилна,поуспешна.“